Една голема православна традиција по повод празникот Прочка, веќе десет години не се негува во нашиот град, а тоа е маскенбалот, кој последен пат се организира во 2010 година, започна со своите сеќавања за деновиве пред 10 години, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Пред 10 години Велчо Петровски – Папало и Димитар Балојани во хотелот “Премиер“ го организираа последниот маскембал во Битола, а истиот беше организиран по пауза од петнаесетина години. Убава можност да се продолжи традицијата на маскембали во Битола, но за жал пропадна, вели Миновски и додава:
-Во оваа прилика гостите кои беа маскирани како пирати, кинези, јапонци, каубои, принцези, пионери, партизани… имаа прилика да вечераат вечера која беше подготвена на традиционален начин, со мазник, сарма, алва, јајце.
Покрај богата трпеза, за маскираните гости имаше организирано интересни предизвици за кои Миновски вели:
-Покрај тоа што се забавуваа, гостите имаа прилика да се натпреваруваат и во интересни, забавни игри, за кои добиваа и посебни награди.
За најуспешните маскирани битолчани, беа доделени и поединечни награди, а за тоа кој доби награди одлучувало карневалската жири комисија на самото место.
Инаку, Битола имала свој маскембал, кој за последен пат пред 2010 година се одржа во Домот на културата, каде имало 200 учесници, а тоа е најмалата бројка со која може да се прави организиран маскембал.
-Според она што го имам запишано во моите новинарски белешки, а најверојатно организаторите на маскенбали во градот Битола уште пред двата града Струмица и Прилеп направиле контакти да ги добијат дозволите за организирање на маскембали, но контактите со меѓународните асоцијации за организација се прекинале, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: Папало и Балојани го организираа последниот маскенбал во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





