Press "Enter" to skip to content

Регионална конференција за погранична соработка и зближување на младите (фото)

Во просториите на Македонците и деца бегалци од Егејскиот Дел на Македонија во Битола се одржа Семакедонска регионална конференција помеѓу Сојузот на Здруженијата на Македонците и деца бегалци од Егејскиот Дел на Македонија – МАКЕДОН и Македонска Алијанса за Европска Интеграција од Мала Преспа, Албанија.

Како претставник на Македонска Алијанса за Европска Интеграција Пратеникот беше претседател Васил Стерјовски, представник и борец за правата на Македонците во Мала Преспа, а присутен беше и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.Александар Јаневски, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија, каде се вклучени повеќе организации ја отвори конференцијата и се зборуваше за усогласување на програмите и програмските активности, продлабочување на соработката и зближување на Македонците од двете страни на границата, особено помеѓу младите, а се покрена и иницијатива за заедничко чествување и одбележување на поважни празници и настани.

Јаневски нагласи дека вакви конференции ќе има и со други организации на македонските организации, а беше потпишан и Меморандум за продлабочување на соработката меѓу Македонците од двете страни на границата со акцент за зближување на младите. 
Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во Собранието на Република Албанија, рече дека важно е да се соработува на културен план и да се понудат идеи за младинска соработка меѓу македонците од двете страни на границата.
 
-Треба да организираме и реализираме активности за младите Македонци во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и други места каде што живеат Македонци. Ние како парламентарна партија во албанското собрание се обидуваме да ги анимираме сите проблеми со кои се соочуваат Македонците во Албанија. За жал Македонците и понатаму живеат во најсиромашните региони во Албанија, истакна Стерјовски, а за пописот на населението што ќе се организира во соседна Албанија додаде:
-Оваа година за нас е многу важна бидејќи во Република Албанија ќе се врши попис на населението и во таа смисла очекуваме поддршка од сите македонски здруженија и државата, за да се намали засилениот притисок од бугарската пропаганда која настојува вештачки да прикаже постоење на бугарско малцинство. Во оваа наша борба очекуваме институционална поддршка и соработка меѓу двете соседни држави затоа што Република Албанија ги признава Македонците и македонското малцинство во делот на Преспа и Врник, но тоа треба да се прошири и во делот на Голо Брдо и Гора, односно на делот на целата територија на Република Албанија.

За бугарската пропаганда во Мала Преспа, Стерјовски беше конкретен:

-Македонците во Мала Преспа се кажуваат Македонци не Бугари, но бугарската пропаганда ја користи сиромаштијата на Македонците. Како идеи за намемтнување на Бугарија се организирање на бесплатни екскурзии во Бугарија, а нема младинец кој не бил барем еднаш во Бугарија, им се нуди бесплатно образование, студирање и докторирање, се нудат пасоши со кои заминуваат на работа во државите низ Европа, а кога ќе го добијат пасошот само по неколку дена заминуваат во Англија или Германија.На конференцијата беше присутен и Александар Стерјовски, првиот претседател на Здружението на децата бегалци од Битола, кој нагласи дека не го прифаќаат новото име на државата и дека ќе останат сите да идејата да се зачува името на Македонија, а заедно со Тодор Петров повикаа на семакедонско обединување на Македонските од Македонија и низ целиот свет.