Само што ја најавија битолската градска трка, со оригинално име “Трчај бе“, неколкумина битолчани ја промовираа и на сплитскиот маратон, кој се одржа денес, кои се најдоа меѓу 3.000 маратонци.
Битолската трка “Трчај бе“ ја промовираа битолчани од планинарската група “Турни ме да кинисам“, а тука беа и членовите на “Охрид трчат“.
“Трчај бе“ за оваа 2020 година е најавена за 13 септември, а од организацијата велат дека тоа е нивниот ден и нема повеќе одлагање, почнуваме да трчаме сите.






