Press "Enter" to skip to content

Во работна посета на ЈП “Стрежево” директорите на ЕСМ и РЕК “Битола“

Во работна посета на ЈП “Стрежево” – Битола беа генералниот директор на ЕСМ, м-р Васко Ковачевски и генералниот директор на рударско-енергетскиот комбинат, РЕК “Битола”, Златко Ќурчиевски. Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу АД ЕСМ и Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола.

Земајќи во предвид дека со изградбата на повеќенаменскиот Хидросистем “Стрежево” се врши непрекинато, квантитативно покривање на потребите од сурова, непреработена вода во термоенергетската сфера, односно за потребите на рударско-енергетскиот комбинат, РЕК “Битола”, за извонредното значење на средбата е повеќе од јасно.

-На средбата беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка. “Стрежево“ и покрај неповолната хидролошка состојба веќе има обезбедено вода за РЕК “Битола“ и ЈКП “Водовод“. Потребните дванаесет милиони метри кубни вода се обезбедени во целост. Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со АД ЕСМ, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен, изјави по средбата директорот на претпријатието Методија Граматковски.

More from ВестиMore posts in Вести »