Топ Гол – Јантра 4:2
Кадетската екипа на Топ гол е овогодишен шампион на Куп на Карневалот 2020 кој овој викенд се одржа во Струмица. Во финалниот натпревар битолчанки ја победија екипата на Јантра со конечен резултат 4:2.
Без пораз младите фудбалерки го освоија овој турнир кои во групното разигрување ја победија екипата на Севлиево со резултат 4:1, во 1/2 финалниот натпревар екипата на Кул Скопје со конечен резултат 4:1 и во финалето екипата на Јантра.
-Им честитам на моите фудбалерки и тренерите за првото место. Ланската година бевме трети но сега сме први што значи дека имаме голем напредок во играта и организацијата. Ги продлабочивме нашите соработки и пријателства со останатите екипи и веќе имаме две посериозни понуди за учество на фудбалски турнири, изјави претседстелот на Топ гол, Кире Грбевски.






