Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнато лице во пазарот, нападнати полицајци, пронајдено починато лице, сообраќајни контроли

На 23.02.2020 во СВР Битола, П.М. (70) од Битола пријавил дека на градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од едно лице, кое му ја одзело чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2020 во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во куќа на улица „Ѓорче Петров” во Битола биле пронајден починат 70 годишник од Битола без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

На 23.02.2020 околу 23.05 часот на ул.„И. Атанасовски“ во Битола, додека полициски службеници извршувале службени дејствија биле навредувани и омаловажувани 48 годишник од Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот (21/22/23.02.2020) извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека 29 возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, 13 возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале 10 возачи, 11 возила биле нерегистрирани, на мобилен разговарале осум возачи, сигурносен појас не користеле девет возач. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.