Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривична пријава за поранешен декан на ветерина и два напади на млади лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против 60 годишен битолчанец, од Битола, декан на Ветеринарен факултет во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари. Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна законска постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на П.Б. од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари.

На 25.02.2020 во СВР Битола, С.Б. (26) од Битола пријавил дека на ул.„Марјан
Божиновски“ бил физички.  Ден претходно на 24.02.2020 во СВР Битола, и А.Н. (23) од Битола пријавила дека била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

More from ВестиMore posts in Вести »