По десетти пат во организација на Лајонс Клубот “Кабадаја“ в сабота, на 29. февруари во градската кафеана на хотел “Епинал“ ќе се оддржи “Бон Вивант“ – ноќ на вино и пријатели.
-Доследни на нашата мисија и нашата општествена оговорност да и служиме на заедницата, оваа вечер е од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани, истакнуваат од Лајонс Клубот “Кабадаја“.
На “Бон Вивант“ вечерта во Градската кафеана, гостите ќе ги дегустираат вината на винаријата “Далвина“, несомнено една од најмодерните нови винарии, партнери на десеттото јубилејно издание на “Бон Вивант“.
Винаријата “Далвина“ се наоѓа во Струмичко-Радовишкиот вински регион, а вината на “Далвина“ освоија вкупно шест медали на пролетното издание на натпреварот “Mundus Vini’“ во Германија. Во конкуренција од 7.200 вина кои потекнуваат од 156 вински региони од различни делови на светот, винаријата “Далвина“ освои пет златни медали и тоа за “Hermes Vranec“ – 2015, “Dioniz Merlot“ – 2016, “Dioniz Vranec“ – 2016, “Hermes Cabernet Sauvignon“ – 2015 и “Hermes Merlot“ – 2015. Највисоката специјализирана награда ја понесе виното “Hermes Vranec“ – 2015 што беше прогласено за најдобро меѓу црвените вина во конкуренција од 7.200 пријавени учесници и се закити со “Grand Gold“ медалот, а истото ќе имате ексклузивна можност да го вкусите на “Бон Вивант“.
Од лајонс клубот “Кабадаја“ изразуваат посебно здоволството затоа што со нив и нивните гости ќе биде шеф на кујната на хотел “Епинал“, Александар Видоевски, кој со својот тим ќе ги подготви вистински гурмански специјалитети, во чиј вкус ќе уживаат гостите.
За забавниот дел е задолжена групата “Гром“, а од Лајонс Клубот “Кабадаја“ ветуваат незаборавно искуство, секако сето тоа во духот на хуманизмот.






