Press "Enter" to skip to content

Леа Бошевска освои златен, а Самурај уште три сребрени на државното првенство во кик-бокс (фото)

Сребрени медали освоија Ева Димитровска, Љупчо Бошевски и дебитантот Давид Цветановски.

Во салата “Борис Трајковски“ во Скопје се одржа државното првенство во кик-бокс во организација на кик-бокс маитаи федерацијата на Македонија.

На првенството учество со свои кик-бокс борци зеде и битолскиот клуб Самурај, кој одлично се претстави, а борците заслужено дојдоа до медали и признанија. 

Златен медал освои Леа Бошевска во дисциплината киклајт – 50 килограми и со тоа повторно го потврди местото државен првак во својата категорија, и ги загарантира настапите во репрезентативниот дрес.-Ова е само продолжение на работата која веќе успешно ја практикувам во изминатите неколку години, а секако посериозно во последните две години. Златниот медал, кој кај мене е две години по ред, мора да го надградам со успех и во репрезентативниот дрес. Минатата години не успев целосно во своите намери, но оваа години очекувам и репрезентативно злато, ни рече Леа Бошеска, по освојувањето на златото.

Ева Димитровска во дисциплината киклајт + 47 килограми освои сребрен медал и исто така со сребрен медал се закити и Љупчо Бошевски во дисциплината киклајт – 63 килограми кој во третата финална борба тесно загуби со резултат 2:1.

Дебитантен настап имаше Давид Цветановски во дисциплината киклајт –28 кг и го освои сребрениот медал.

Битолчаните забележаа одличен успех и нивниот настап на ова државно првенство тренерите од Кикбокс клубот Самурај – Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска го оценија за успешен, но истакнуваат дека потенцијалот на овие млади кик-боксери е голем, но мора да се работи со нив да дојдат до големи напревари, а потоа да се борат за медал.

Нашата сограѓанка, Гордана Цветковска – Бошевска, на борилиштата повторно ја делеше правдата како еден од главните судии на првенството.

More from СпортMore posts in Спорт »