Press "Enter" to skip to content

“Март месец на мамографијата“, за 8. Март бесплатни мамографски прегледи (фото)

Организацијата на жени на Битола оваа година ќе го прослави 8. Март под мотото “Март месец на мамографијата“, а ќе ги анимираат жените кои никогаш не биле на мамографски преглед.

Преку социјалните мрежи, списокот со жени врз кои ќе се изврши мамографија се пополнил за три часа, а директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачовска, се вклучуваат во кампањата за бесплатни мамографски прегледи.-Кога Организацијата на жени од Битола како медицински директор на Клиничката болница, ме исконтактира за нивната идеја за едно поинакво одбележување на месецот на жената, бев воодушевена и со радосат одлучивме да ја прифатиме таа идеја, бидејќи согласно здравствените политики на нашата држава многу е важна превенцијата на одредени болести, посебно превенцијата на малигните болести кај жените во повозрасно доба. Како болница стоиме на располгање и сакаме да излезме во пресрет со нашите можности на граѓаните, па од првичната бројка од 30 жени, без никаков проблем понудивме дека ние можеме согласно нашите можности да опслужиме 60 жени за овој период, рече Гагачовска.

-Оние жени кои се плашеле, оние жени кои воопшто не знаеле дека има нов апарат во болницата, Организацијата на жени сакаше да ги организира во група од 60-тина жени, и следниот месец, по две жени овде во Клиничката болница ќе се снимаат и ќе видат што тоа значи, изјави Светлана Петковска, претседател на Организација на жени, која додаде:-И мажите и жените многу ретко одат на одделенијата каде што треба да одат, одат во моменти кога доаѓа нож до коска, тогаш кога веќе ќе имаме некаков проблем. Затоа Организацијата на жени е тука да ги анимира, да го направат она што никогаш не го направиле. Сите жени кои се пријавија не биле досега на мамографски преглед, а имаат од 50 до 80 години.

More from ВестиMore posts in Вести »