Press "Enter" to skip to content

Прво меморандум со Стопанската комора, сега ректорот на УКЛО Коруновски дел од Управниот одбор

Управниот одбор на Стопанската комора на Република Северна Македонија донесе одлука за утврдување на 25 членови во Собранието на комората. Во новиот, реномиран состав, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски е избран како претставник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Членството на ректорот на УКЛО доаѓа како потврда на добрите интеринституционални релации коишто во секојдневното работење отвораат можности за соработка во различни  области од заеднички интерес. Моментално, во подготовка се и две проектни апликации во рамките на европските ИПА и Еразмус+ програми во коишто, покрај грчките партнери и меѓународните конзорциуми, Стопанската комора и УКЛО се јавуваат како проектни партнери од македонска страна.

Меморандумот за соработка датира од декември 2019 година а по повод Патрониот паразник на УКЛО го потпишаа проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески во присуство на комплетното раководство на Универзитетот и значајни претставници од бизнис заедницата од Пелагонскиот  регион.

Притоа, УКЛО и Комората ја  искажаа подготвеноста за соработка во функција на економскиот развој, подобрувањето на квалитетот на работната сила, вработеноста и други значајни домени.

More from ВестиMore posts in Вести »