Press "Enter" to skip to content

Битола преку ракометот ја покажа хуманоста, на аукција за 1.000 евра купени дресовите на Еурофарм Пелистер (фото)

-Ракометарите ги подарија нивните дресови за аукцијата, а за возврат добија клуб картички на компаниите “SN брокер“, “ЈК травел“ и “SN финансии“.

-Дресот на Никола Митревски достигна цена од 18.000 денари.

Битолчани вчера собраа 60.000 денари откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола со несебична поддршка на битолските компании “SN брокер“, “ЈК травел“ и “SN финансии“ кои го поддржаа овој настан.-Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка. Започна како идеа, па предлог проект, за да заврши како еден од подобрите спортски и хуманитарни настани кои сме ги организирале во нашиот град, велат од Ротаракт клубот кој беше организатор на настанот.Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клубски дресови на битолските ракометари со нивни автограми.Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и идни хумани акции во кои сакаат да имаат директно учество.  Тие ги подарија нивните дресови за аукцијата, а за возврат ги добија како подарок првите клуб картички на компаниите “SN брокер“, “ЈК травел“ и “SN финансии“ со што стануваат членови на ова големо семејство.Донираните средста заедно со “Еурофарм“ аптеките ќе ги донираме на социјално загрозени семејства во вид на вредносни ваучери.-Мора да кажиме и едно огромно благодарам до ракометарите за несебичната поддршка за да овој проект стане реалност, како и за оние кои донираа, и најбитно за оние кои одвоија дел од своите средства за да купа потпишан дрес од играчите, до сите спонзори кои помогнаа до Чкембарите, велат од Ротаракт клубот.Ова е само почеток, ветуваме дека ќе продолжиме со појако темпо, е пораката која сите синоќа ја кажаа.

More from БитолаMore posts in Битола »