Почитувани граѓани по насоките на Министерството за Здравство, поради сезоната на грип како и актуелните состојби со Корона вирусот посетите во ЈЗУ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА Битола се забранети од 27.02.2020 година.
Влегувањето во болницата е дозволено само за редовни прегледи закажани со упат на мој термин, а сите итни прегледи и ургентни состојби ќе се одвиваат тековно преку Одделението за Ургентна Медицина.
Ве молиме за разбирање бидејќи ова е превентива за сите нас.Ви благодариме на разбирањето. ЈЗУ Клиничка Болница Битола.






