Силниот ветар кој синоќа дуваше во Битола со брзина на моменри и над 70 километри на час направи оштетување на металните украсни табли на зградата “Мавровка“, од страната кај “Стрежево“.
Утрото откако беше забележано оштетувањето беше пријавено во противпожарната единица во Битола, кои веднаш излегоа на самото место и со помош на јажина големата метална табла беше спуштена, без да се направи штета.
Големата метална и тешка табла беше откорната од бетонскиот ѕид, а се “држеше“ само на клима уредот на ѕидот.
За време на спуштањето на таблата просторот беше одбележан со лента за да не се движат пешаци, бидејќи постоеше опасност таблата секој момент да падне, а присутен беше и полициски службеник.

Фото вест: битолските пожарникари во заштита на битолчани, спуштија матална табла откорната од ѕид
More from ВестиMore posts in Вести »
- Изложбата “Извонредниот текстил на Мексико“ во Македонија по повод 25 години дипломатски односи
- Општина Новаци: изградената пречистителна станица во село Добромири
- СВР Битола: се степале четворица полицијата ги приведе, приведување за агресивно однесување кон полицајци, 67 годишник пријавил физички напад од 60 годишник
- ЈКП “Водовод“ Битола: ќе се ажурираат водомерите и водоводните приклучоци
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 23 степени





