Press "Enter" to skip to content

Белградскиот универзитет и УКЛО ги обновуваат врските (фото)

Во седиштето на УКЛО дефинирани областите за взаемни активности, ректорите на УКЛО и Универзитетот од Белград, колегите Сашо Коруновски и Иванка Поповиќ, а претходно беше потпишан на Меморандум за заедничка соработка.

Денеска во Ректоратот на УКЛО се одржа првата работна средба помеѓу ректорите на УКЛО и Универзитетот од Белград, колегите Сашо Коруновски и Иванка Поповиќ, по вчерашното обновување и потпишување на Меморандум за заедничка соработка, верифициран од ректорите на двата универзитета, Сашо Коруновски и Иванка Поповиќ, која работниот престој го започна од Факултетот за безбедност-Скопје, единица во составот на УКЛО.

На средбата во Ректоратот, разговарано е за иднината и генерално се утврдени специфичните области за конкретна соработка меѓу двата пријателски универзитета договорени на средбата на којашто покрај двајцата ректори присуствуваа и нивните први соработници.Од разговорите произлезена е и констатацијата дека нема мали и големи универзитети, дека треба да се биде само во групата универзитети кои сакаат да работат.

Просторот и широкото поле за соработка се посведочени на средбата во Ректоратот и озваничени со Меморандумот како значаен документ со којшто се посведочува поврзувањето и соработката на двата пријателски универзитети и се потврдува дека универзитетот од Белград и Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола ќе соработуваат на повеќе активности и програми за размена на наставен кадар, студенти, на заеднички истражувачки проекти, учество на семинари и други академски собири, посебни краткорочни академски програми, програми за професионално усовршување и други области од заеднички интерес.

Ректорот Коруновски изјави дека најмногу ќе се разработуваат истражувачки проекти од програмата Еразмус кои даваат можност за соработка во развивање заеднички студиски програми и за истражувачки проекти. Истакна дека сакаат да ја интензивираат и промовираат и мобилноста на студенти и кадар.-Универзитетот во Белград е значаен од регионален и од европски аспект  и врските и подобрувањето на соработката со него ќе ни помогне и ние да пробиеме во многу сфери коишто сега не ни се достапни. Науката и образованието не познаваат големи и мали универзитети, туку универзитети кои сакаат да бидат добри и кои не се трудат да бидат добри. Искуствата на Белградскиот универзитет, кој е високо рангиран на Шангајската листа, сакаме  да ги споделиме и, на некој начин, да ни помогнат да ги подобриме нашите перформанси, изјави ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.

Тој очекува соработката да биде воспоставена и со други значајни универзитети на Балканот за да се направи, како што рече, поширока универзитетска мрежа што ќе им биде корисна на земјите и на владите од Регионот.

Ректорката на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, истакна дека ова е убава можност двата универзитета да ја унапредат соработката која трае долго.-Ова е можност да го обновиме договорот за соработка кој постои и да поразговараме за поблиски облици на соработка – меѓусебна, но и во рамки на Ректорскиот форум на ЈИЕ и Западен Балкан. Регионалната соработка е исклучително важна, зашто сите во Регионот имаме слични проблеми и слични предизвици. Една од темите на разговорите беше поврзана со вработување на младите и одливот на младите луѓе и сметаме дека тоа е патот по кој треба да се движиме, зашто, благодарение на заедничката соработката и соработката со стопанските субјекти ќе им се дадат можности на младите луѓе полесно да дојдат до потенцијална работа во Регионот.

Со вакви амбициозни иницијативи, бидејќи во крајна линија улогата на Универзитетот се менува и треба да се има поголема интеракција со реалноста и со јавноста, мислиме дека соработката поврзана со мобилноста и во науката, се можности за да добиеме средства од меѓународни фондови. Исто така и сличноста во традициите ќе ни помогне да одиме само напред. Се надеваме дека ова е потврда на она што досега го работевме и дека секогаш може подобро, изјави Поповиќ.

Белградскиот универзитет има 31 факултет, 11 институти и 100.000  студенти. Од 2012 влезе во првите 500 универзитети на Шангајската листа.

Е. Атанасоска