Press "Enter" to skip to content

Двајца работници од ЗК “Пелагонија“ во домашна изолација поради корона вирус

Двајца Бугари кои работат во Земјоделскиот комбинат “Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврди денеска на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

-Пациентите ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Тие немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период од 14 дена под здравствен надзор, рече Филипче.

Ова е прв случај на домашна изолација на лица во Битола поради опасност од коронавирус.