Во гимназијата “Јосип Броз-Тито“ Битола се одбележа на месецот на лицата со ретки болести, под менторство на психологот Лидија Споа, “Хепар центарот“-Битола и Живот со предизвици.
Стефан Васиќ пред своите соученици ја раскажа својата приказна и борбата со неговата ретка болест, “морфеа“. Стефан е одличен ученик во трета година, подпретседател на Младинскиот актив, исто така вклучен во повеќе активности во училиштето и затоа организаторите денот му го посветија на Стефан, но и на сите лица кои се борат со некоја од ретките болести.
-Нашите желби секогаш се насочени кон изнаоѓање на лек за сите ретки болести, но и да го слушнеме гласот на сите кои имаат ретки болести. Главната цел на месецот на ретки болести, меѓународен настан во координација со Европската организација за ретки болести “Еурордис“, кој претствува подигнување на јавната свест за ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите и нивните семејства, рече Милан Мишковиќ, од “Хепар“ центарот.
-Во Горната гимназија се одржа предавање во однос на Стигмата (ПР врсничка едукација) 5 прсти на дланката обени од најмладите за подршка на децата со ретки болести (ликовен перфоманс), рече психологот Лидија Споа, која додаде:
-Овогодинашното мото е Една наша обоена дланка е поддршка за пациентите со ретки болести низ целиот свет! Придружете ни се да се слушне нашиот глас! Ретки сме! Многу сме! Силни сме! Да ги обоиме нашите дланки, за оние на кои навистина им треба нашата поддршка!

Во Горната Гимназија одбележан Месецот на ретки болести (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Изложбата “Извонредниот текстил на Мексико“ во Македонија по повод 25 години дипломатски односи
- Општина Новаци: изградената пречистителна станица во село Добромири
- СВР Битола: се степале четворица полицијата ги приведе, приведување за агресивно однесување кон полицајци, 67 годишник пријавил физички напад од 60 годишник
- ЈКП “Водовод“ Битола: ќе се ажурираат водомерите и водоводните приклучоци
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 23 степени





