Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победа го започна пролетниот дел и борбата за Првата лига (фото)

Пелистер – Кораб 3:0 (2:0)

Фудбалерите на Пелистер под Тумбекафе ја победија екипата на Кораб, со убедливи 3:0, полувреме и уште еднаш ги потврдија амбициите за Првата лига, во наредната сезона.Во првото пролетно коло, 15 коло по ред, Пелистет освои три бода и останува на првото место со 30 бода, три повеќе од второпласираната екипа на Скопје.Битолчани започнаа одлично и по акцијата на Иванов по десната страна, по една ничија топка реализирашеБорха, погоди во осмата минута.  Во 31. минута по ударот на Маневски од волеј, топката заврши во дирекот, а на одбиената топка натрча Фазлију и погоди за 2:0.Вториот дел помина изедначено, без некои сериозно шанси за гол по двете страни, а Благојче Главевски кој во игра влезе кон средината на полувремето во “судиското време“ со мајсторски лоб удар ги постави конечните 3:0.

More from СпортMore posts in Спорт »