Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа со +16 го започна пролетниот дел

Еурофарм Пелистер 2 – Работнички 33:17 (24:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со победа го започна вториот дел од Супер лигата, пролетниот дел, победувајќи во Битола, против екипата на Работнички, со убедливи +16 голови разлика.

Во празната сала во Битола, поради препораките на Владата за заштоте од корона вирусот, Еурофарм Пелистер 2, беше фаворит и пред почетокот, а тоа го оправда со победа од 33:17, во 15. коло.

Победникот беше најавен уште на почетокот на натпреварот, а победата беше потврдена уште по првото полувреме кога има разлика од 19:10, а второто полувреме беше само формалност, бидејќи гостите од Скопје немаа сила да се вратат во игра и да го загрозат водството.

Најдобри стрелци кај домашните беа Васко Димитровски со шест голови, како и Игор Трајковски и Никола Димитров со по пет.

More from СпортMore posts in Спорт »