Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер им се вратија на победите (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Бами Кор 3:0

(25:13, 25:20, 25:17)

Победа и први пролетни бодови за Пелистер Волеј во рамките на Втора Фаза 2 (3 коло) од Првата државна лига на Македонија. “Пелистерки“ забележаа сигурна и убедлива победа над екипата на Бами Кор од Тетово од 3:0 по сетови.Тренерот на Пелистер, Роберт Митковски, за ова победничко издание на одбојкарките по завршувањето на натпреварот ни рече:-Значајна победа за младите сениорки, за враќање на самодовербата кај нив. Победа значајна и по освоените бодови, а после која ќе се обидиме во наредните кола повторно да фатиме приклучок кон врвот од вториот дел на табелата. И покрај резултатската криза не ни помислуваме да застаниме, нема разочарување, напротив цврсто веруваме и убедени сме дека можиме многу подобро од досега прикажаното.За наредните предизвици Митковски вели:-Ни следат два натпревари, еден против Универзитет Тетово со кој одигравме 2:3 дома и еден со Македонија Макс, екипа која на два пати ја совладавме со 3:1 еднаш во првенството, а еднаш во купот. Оваа наша млада екипа е сложна и компактна и од ден на ден расти се повеќе, па од тука и со право веруваме во оваа нова генерација, која се темели на младинки, кадетки и на една пионерка.Поените ги освоија: Ивана Белокозовска 10, Ана Пејовска 7, Ева Трпеновска 7, Ања Ристевска 5, Изабела Димовска 5, Стефани Најдановска 4, Јана Василевска 3, Михаела Цветановска 3 и Тамара Жабјановска 2.

[ngg src=”galleries” ids=”518″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »