Press "Enter" to skip to content

“СН Финансии“ ги избра најдобрите тројца вработени (фото)

Никола Јошевски, извршен директор на “СН финансии“  ги претстави најдобрите Елена Јовановиќ, Радојка Димитријеска и Петар Чороловски.

Македонската-битолска компанија “СН Финансии“ ги избра најдобрите топ 3 вработени Најголемата инвестиција на една компанија се вработените, токму ова е мотото на македонската компанија “СН финансии“.Компанијата на свечен настан ги прогласи топ 3 вработени од различни сектори и им додели статуетки.-За прв пат организираме ваков тип на настан, кој со задоволство можам да кажам дека е изненадување за сите вработени се со цел да ги издвоиме најдобрите и најиновативните. На настанот прогласивме личност на годината за продажба а тоа е Елена Јовановиќ, потоа за најкреативна личност, Радојка Димитријеска и Петар Чороловски беше избран за личност на годината во бекофис. Ова е само мал поттик за тоа како треба компаниите да се грижат за своите вработени. Ние, во “СН финансии“ и понатаму ќе работиме на развој на своите вработени и уверуваме дека овој настан во иднина ќе биде традиција за нас, потенцира Никола Јошевски, извршен директор на “СН финансии“.“СН финансии“ е финансиско друштво е првата Финтек компанија во Битола и во Македонија основана во 2016 година со домашен капитал која е главно фокусирана на одобрување и исплата на кредити, но исто така работи и со издавање гаранции и факторинг. Нивниот проактивен пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата несомнено се клучни фактори кои влијаат на клиентите да се одлучат за нив.

More from ВестиMore posts in Вести »