Press "Enter" to skip to content

Победата во Кичево, огромен чекор на “пелистерци“ кон Првата лига

Влазерими – Пелистер 0:2 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер победија на тешкото гостување во Кичево, каде ја победија екипата на Влазерими со 0:2, полувреме 0:0, со што освоија три вредни и многу важни три бода со кои се “одлепија“ од екипата на Влазерими на 5 бодови плус на табелата.

Стрелец на двата гола беше Драгарски кој погоди во натпрева ркој беше дерби на колото и кој се играше во тешки услови за игра. Драгарски одлично скокна во 82 минута по корнер, а потоа во 86 минута се најде на вистинско место за потврда на победата во Кичево.

По 15 одиграни кола, Пелистер останува лидер на табелата, сега со 30 бода, по ремито Скопје е второпласиран со 26 бода, а Влазерими е на трето место со 25 бода.

Следното коло екипата на Пелистер гостува во Кадино.

More from СпортMore posts in Спорт »