Деновиве се одржа изборното собрание на Сојузот на спортски федерации на Македонија на кои покрај другите точки од дневниот ред беше и изборот на ново раководство на Сојузот.
Едногласно за старо-нов потпрестедател на Сојузот на спортски федерации е избран нашиот сограѓанин Ѓуро Илиќ, на кој овој мандат ќе му биде втор по ред, а претходно беше избран.
Ѓуро Илиќ во федерацијата на спортовите доаѓа како претседател на Аикидо федерацијата на Македонија.
Претседател на Сојузот на спортски федерации е Наташа Илиевска – Јордановска, а за потпретседател е избран и Мустафа Алиу.






