Цане Димовски, вработен во битолската пошта, битолчани го познаат како Цане поштаро, а тој е и поштарот кој во поштенска униформа знае да ги изненади и усреќи битолчани.
Цане најповеќе има работа на денот на 8. март која битолчани сакаат да ги изненадат своите сопруги, мајки, љубени, сестри, колешки…, а така беше и денес.
-Денес облечен во поштенска униформа разнесов пратки со цвеќе. Сите беа изненадени и не очекуваа дека на ваков начин некој ќе им го честита празникот на жената, но кога се појавив, кога ја видоа униформата и подарокот сите беа пресреќни, вели Цане, кој денес беше најпосакуваниот гостин во домовите, дуќаните, установите…
Цане поштаро веќе десетина години ги усреќува битолчанки за овој ден.

Поштарот Цане и годинава изненади и усреќи битолчанки за 8. Март (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





