Пелистер Волеј – Весна Пробиштип
3:0 (25:07, 25:19, 25:22)
Петта година со младинските лиги, а четврта по ред Младинките на Пелистер Волеј се во Ф4, со што оваа екипа и стручниот штаб на клубот, докажаа дека надобро работаат со млади категории во државата.
Младинките на Пелистер Волеј во 1/4 финалето на Македонија извојуваа повторно убедлива победа, за што тренерот Роберт Митковски по завршувањето на натпреварот рече:
-Девојките од самиот старт покажаа колку се моќни и доминантни во секој сегмент од играта. По убедливиот прв сет, во кој на гостите им допуштивме само 7 поени, кои практично беа наши грешки, следеше мало опуштање, но контролата остана на наша страна и победата беше само прашање на време.
Предводници на победата беа репрезентативките Трпеновска со 18 и Пејовска со 16 поени, кои буквално беа нерешлива енигма за противникот. Поените ги освоија: Ева Трпеновска 18, Ана Пејовска 16, Ивана Белокозовска 6, Михаела Цветановска 5, Ања Ристевска 4, Јана Василевска 4, Стефани Најдановска 3 и Ивана Василевска 1.
За пласманот во Ф4 и борбата за медал Митковски додава:
-Среќни сме што оваа генерација во еден ваков комбиниран состав за прв пат самостојно влегува меѓу најдобрите 4 и тоа не било како, туку без загубен натпревар и без загубен сет. Противник во 1/2 финалето кое се игра по принципот дома-гости ни е екипата на Фит Фан Волеј од Скопје. Првиот натпревар се игра во Скопје, а возвратниот, Пелистер Волеј ќе го игра во Битола како подобро пласирана екипа.
[ngg src=”galleries” ids=”520″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






