Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Трикуспидна Регургутација

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со современи апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на Трикустидна Регургутација

Што претставува

Трикуспидна регургитација или инсуфициенција, претставува враќање на крв низ трикуспидалната валвула по време на дијастола на десната комора. Трикуспидалната валвула е составена од три залистоци од кој најкраток е постериорниот. Има и антериоен залисток. Ширина на трикуспиданата валвула нормално е од 4,6 см 2.Причини

Постојат етиолошки Примарна трикуспидна регугитација предизвикана од ендокардитис, реуматска треска, присуство на Pace maker и Ебштајнова аномалија која има промена на морфологија на залистоци, елонгираност на антериорен залисток како и најзначајната промена при ова вродено заболување десна атријализација на десна комора со апикална дислоцираност на трикуспидни залистоци.

Секундараната трикуспидна регургитација е функционална, поточно без присуство на структурни промени на самите залистоци и таа е почеста од примарната трикуспидна регургитација најчесто предизвикана од болеста на митрални залистоци, левокоморска слабост, пулмоналана хипертензија како АСД – преткоморски дефект лево- десен шант.

Дијагностика

Трикуспидната регугутација се дијагностицира во нашата ординација со ехо на срце и со помош на 2Д и колор доплер на трикуспидна валвула најчесто во 4ch-PLAX  на кој се визуализира присуство на регургитантаен џет.

Третман и лечење

Оперативна замена за трикуспидни залистоци се врши кај сите симптоматски пациенти со тешка трикуспидна регугутација се додека нема знаци во десно коморска слабост (ПЛЕВРАЛНА ЕФУЗИЈА, ПЕРИФЕРНИ ЕДЕМИ, АСЦИТЕС, итн). Кога операцијата на залистоците е КОНТРАИНДИЦИРАНА  се продолжува со конзервативен медикаментозен третман.