Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: повреда на менискус

Коленото е еден од најсложените зглобови во човечкото тело, во зглобна структура влегуваат Бутната коска “Femur“ со подколenicnа коска “Tibia“, помеѓу нив од двете страни стојат два “Menisci“ кои се задолжени за стабилизација и амортизирање на тежината и движењата. Бидејќи многу спортови ставаат екстремен стрес на коленото, тоа е исто така едно од најчестите места за спортски повреди.

Коленото е зглоб структуриран да извршува две главни дејства, флексија (свиткување) и екстензија (исправување). Исто така, има и мали ротациони движења  кој ја прават дополнително сложна структурата. Мускулите кои дејствуваат на коленото се претежно квадрицепсите (екстензија) и тетивите од мискулите на Ишиокрурална мускулатура но и нискулите на подколеницата имаат улога на свиткување (флексија) во коленото.

Кинењето на менискусот е честа повреда што го зафаќа зглобот на коленото. Менискусите се дискови во облик на буквата “C“, направени од цврста ‘рскавица наречена фибро’рскавица. Тие се поставени на тибијалното плато (горната површина на коската на потколеницата) помеѓу тибијата (коска на потколеницата) и фемурот (коска на бутот) и се важни за распределба на оптоварувањето и апсорбирање на шокот во зглобот на коленото – тие се еден вид на амортизирачки структури.

Медијалниот-внатрешен менискус е почесто засегнат од латералниот-страничен менискус, додека кинењата на двата менискуса се поретки.

Знаци и симптоми

Болката обично се чувствува кога менискусот е повреден, особено при обид за исправување, свиткување или извиткување на коленото. Ако скинатата рана е мала односно се работи за нагмечување или мала руптура тогаш се работи за болка, без ограничени движења. 

Меѓутоа, ако скинатата рана е голема може да се појави силна, повремена остра болка, која е локализирана на таа страна од зглобот (медијална или латерална). Многу често има ограничувањева на движењето кое  резултат на дел од скинатата рана што се заглавува помеѓу зглобните површини на тибијата и фемурот, блокирајќи го целосното истегнување или флексија на коленото, предизвикувајќи чувство на „заклучување“.

Оток е најчест  може да се појави набргу по повредата како резултат на накинувањето на менискусот. Менискусот е крвоснабде-васкуларизиран од” артериски геникуларен систем”- при руптури на фиброраскавицатачеста причина за оток е токму оваа причина.   По повреда на менискусот може да се појават и поплаки за кликање, пукање или заклучување на коленото. Во некои случаи, по почетниот оток и болка, зглобот се смирува и може да се продолжат нормалните активности. Ова може да се должи на тоа што руптурата на менискусот е мала или клапната не влијае на механиката на зглобот. 

Поради фактот што двете колена ја носат целата тежина на телото, Менискусот е клучна структура во вашето колено. Тој е клучен за непречено движење и стабилност. Кај активните лица и луѓето над 40 години исто  и дегенерацијата има улога за повредите на менискусот се чести и можат да го попречат секојдневниот живот,.

Препознавањето на раните знаци на повреда на менискусот и правилното справување со него може да направи голема разлика во закрепнувањето.

(Продолжува)