Топлото време кое ја затопли Битола по не така ладната зима, само по неколку дена изминатата седмица, со температури на ридот спроти сонце, над дваесетина степени, придонесе да расцветаат бадемите.
Убавата розева боја на расцутените бадени, ја има на ридовите над “Бадем Балари“ по што и овој дел на Битола го добил името, и над “Смилевски Баир“.
Но, за жал вчера, кога и се направени фотографиите, само десетина битолчани уживаа во прекрасниот поглед на Битола, и во убавите цветни аражмани од розевите цветови и зимзелените дрва.
Тие кои беа таму, само констаираа:
-Ние бевме малкумина кои шетаме горе над Кркардаш, а сега со овие модерни болести кои дојдоа којзнае од каде кај нас, се намаливме, денес некои се исплашија не се качија, но поголем број сме тука, да уживаме на сонцето, но пак ќе речам, зафатени со “короната“ или како се вика болеста, не видовме кога расцутеа бадемите, а друг додаде:
-“Е, да му беше оваа убавина на некој друг, тука ќе вриеше од луѓе, а не некогаш да ти е страв да поминеш“,
С.Р.






