Вчерашното убаво сончево време и “неучењето“ деца од Баирот и нивни другарчиња од други населби го искористија за да го завршат нивниот “проект“, вело-крос патека кој се наоѓа на ридот над Кркардаш.
-Ние патеката ја градевме уште од лани, но сега ја дотеруваме за да ја имаме каде да возиме летово. Патеката се протега од врвот на ридот, кај Трите бора, а ќе слегува до Кркаршад, а на неа ќе има скокови, канали, кривини и ќе биде долга 2-3 километри, ни рекоа не прекинувајќи ја работата.
Упорноста на овие вредни деца, во улога која ретко се гледа да копаат со казми и лопати и сами да проектираат некој треба да ја награди, со мало багерче да им ја дотера патеката во која ќе уживаат во престојните топли денови.
С.Р.






