Press "Enter" to skip to content

Атлетскиот клуб Олимп, формиран во 1960, се возобновува

Еден битолски спортски клуб кој е формиран во 1960 година ја прослави атлетиката, неговото име при формирањето било Олимпија, а последните дваесеттина години се вика атлетски клуб Олимп.

Атлетиката не ја милувале новите времиња. Беспарица, непостоењето на соодветна сала за тренинг, професионална атлетска патека, па и негрижа од институциите се само дел од проблемите со кои се соочи Олимп. Но, клубот опстанал, а Демир успеа да открие уште еден бисер со кого посветено работи. Тоа е Кристијан Стојани, кој со својата упорност и резултати успеа да ја врати надежта дека атлетиката во Битола има иднина.

-Јас не сум професионален атлетичар. Но, ја сакам атлетиката. Аматерски трчам и уживам во тоа. Го сакам спортот, воопшто, а посебно битолскиот. Така, се роди и идејата за првата градска трка во Битола „Трчај Бе“. И после она што и се случи на Битола на 15 Септември, 2019, се договоривме со тренерот Демир Даутовски да застанеме зад АК „Олимп“ и да ја вратиме Битола повторно на врвот како град на атлетиката, вели Никола Димитровски.Дали ќе е лесно, Димитровски вели:

-Воопшто не. Дали ќе биде предизвик? Огромен. Дали веруваме дека ќе успееме? И тоа како. А сите вие, кои во ова препознавате успех, вклучете се и бидете дел од новата историја. Отворени сме за сугестии и љубопитни сме за Вашите предлози. Можеби ќе понудите и конкретна поддршка за овој клуб, заедно да испишеме нова спортска приказна за Битола. 

Инаку, овој битолски клуб може да се пофали со веројатно најдобрата македонска атлетичарка на сите времиња – Вера Вељановска, југословенска и балканска рекордерка и шампионка на 60, 100 и 200 метри, Стевче Ѓеоргиевски, југословенски првак во крос, балкански младински првак во крос во Крајова, балкански младински вицешампион на 1.500 метри и шампион на 5.000 метри во 1980 на Балканијадата во Солун. Демир Даутовски, кој има јуниорски македонски рекорд на 3.000 метри, претходно несоборен цели 12 години. Кочо Дамјановски – атлетичар на тогашната „Олимпија“, бил своевремено младински републички првак во фрлање диск. Сите овие спортисти ги постигнале ѕвездените успеси благодарение и на тренерот Илија Чукалковски, тогашен професор по физичко воспитување во Средното земјоделски училиште „Борис Кидрич“ во Битола. 

More from СпортMore posts in Спорт »