Согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19, Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот.
Координативниот тим, формиран од страна на директорот на претпријатието Менде Граматковски, ги реализира следните активности:
-Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието (ќе се повторува и во иднина, по потреба).
-Редуцирани се на минимум директните средби со странки.
-Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се одложени.
-Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици.
-Средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории.
-На огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19.
-Ослободени се од работни обврски вработени заради обезбедување грижа за своите деца до 10 години.
-Ослободени се хронично болните од сите работни активности.
-Направена е дополнителна внатрешна реорганизација за да се обезбедат услови за нормално функционирање на претпријатието во вакви услови.
ЈП “Стрежево” – Битола ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт или информација од претпријатието тоа да го сторат на контакт телефонот 047/207-800 од 07:30 до 15:30 часот.
Апелираме до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава претпријатието, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.

ЈП “Стрежево“ ги превзема сите мерки за заштита од корона вирусот (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





