Во периодот кој го минуваме сите и продолжување со месец дена од мерките на вонредна состојба, изолацијата продолжува. За личностите од естрадата значи без музички настапи и патувања, а најдобрата музичка група во Битола ги има десетици во годината.
https://www.facebook.com/52418871661/videos/644671116266939/UzpfSTIwOTc5NDg4MjM2NzIzOTozMzIxMzY3ODU0NTQzMjQ0/
Битолчанката Анета Мицевска со својата група „Молика“ ги почитуваат мерките и сите настапи ги откажаа. За нив песната лек за душата и понесени од неа снимија видео, во домашна атмосфера.
Се надеваме дека и во иднина ќе има уште вакви видеа, бидејќи за нив музиката е дел од животот, а за битолчани кои ја сакаат Анета и групата “Молика“ шанса да ги слушаат и гледаат. Овој пат ја слушаат песната “Болен лежи млад Стојан“.
Ж.Р.






