УЕФА или како уште ја неркуваат, Европската куќа на фудбалот на последниот состанок видео состанок со сите членки, меѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија, донесе одлука дека фудбалот мора да продолжи да се игра и да нема предвремени шампиони.
Така и домашните првенства по укинување на вонредната состојба ќе продолќат да се играат, а сите треба да завршат до крајот на јуни, односно 30 јуни.
Вонредната состојба во Македонија е воведена со 17 април, а потоа ќе се доигруваат натреварите по термини кои им ги одреди УЕФА на сите држави во зависност од рангот на натпревари.
Фудбалерите на Пелистер се дома, а кога ќе излезат на терен зависи од одлуката за вонредната состојба, а во карантин заминаа како првопласирани во Втората лига – запад.






