Деновиве кога спортот како се друго е на принуден корона одмор, љубителите на спортот “празно“ без спортски натпревари и присуство на спортските арени, само се сеќаваат на спортските настани кои одбележале некој период, запона со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Вечното фудбалски дерби Пелистер – Вардар, кое се одигра на 28 март, 2010 година, е само еден од тие спортски настани кои се паметат, па така е запишано и во моите спорски белешки од 2010 година. А таму стои: Пелистер го победи Вардар, минимално со 1:0 со голот на Александар Велјановски, а натпреварот се играше по топло време, а терен идеален за игра, вели Миновски.
-А оваа победа на Пелистер е извојувана со голема поддршка на битолските навивачи, повеќе од 3.000, предводени од битолските “Чкембари“, кои истакнаа голем транспарент Пелистер и Чкембари – тандем за победи“.
На од спротивната страна сместени на малата стара трибина која е сега струшена беа “Комитите“ навивачите на Вардар, секако добро обезбедени од полицијата, додава Миновски.
-Натпреварот помина во одлична атмосфера, фер игра, а за комесарот за безбедност на Пелистер, Никола Талевски кој немаше работа и на новинарските екипи кои беа во новинарската ложа не им остана ништо друго освен да се радуваат на победата, во смеа додава Миновски.
Да се надеваме дека по завршувањето на оваа вонредна, а јас би додал и здравтсвена состојба, сите заедно ќе се радуваме на нови победи на Пелистер, а пред тоа и пласман во Првата лига, ни реше кратко Миновски, кој и сам како рече потресен од состојбата во Битола и Македонија.
[ngg src=”galleries” ids=”526″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






