Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: препораки за родители во време на изолација

Покажете им на децата преку  свое одговорно и дисциплинирано однесување, научат правилно да се однесуваат кон себе и другите во период на изолација

Во денови на изолација животот доби поинаква димензија .Сега имате можност да го поминувате времето со семејството и најважно со вашето дете. Сега сте пред предизвикот да бидете родител во новонастанати услови и со вашето правилно однесување ќе придонесете и вашите деца се однесуваат  одговорно кон себе и кон другите. Поминување на поголемиот ден во читање вести за заканата од вирусот со песимистичлки идеи и зборови за човештвото и планетата земја  не се добри. На социјалните мрежи има огромен број  на информации меѓу кои и сензационалистички вести кои нема да користат,  а ќе ви  ги зголемат чувствата на неизвсеност и страв.  Тоа може  негативно да влијае и врз вашите деца бидејќи тие интуитивно ја чувствуваат вашата загриженост и анксиозност. Објаснувајте ја ситуацијата со факти и проверени информации.  Најдобар начин за смирување и справување со стравот  е контрола на ситуацијата, а со тоа и поголема самоконтрола. Со повторување факти миење раце, потоа справување со емоции преку зборување за нив и повторно хигиенски навики.Препораки за родители   

   Едне од начините  за одржување на контролата и помагање на децата да научат е создавањето структура. Структурата се креира од конзистентни рутини и правила. Правилата ги учат децата кое однесување е во ред, а кое не. Во овие услови најважно е структурирање на времето. Рутините ги учат децата што да очекуваат во текот на денот. Во зависност од карактерот, темпераментот, интересите на детето направете распоред во текот на денот за тоа како ќе ги поминувате времето и  деновите. Објаснете им на правилен начин – зошто треба:

– Да се седи дома (во зависност од возраста објаснете му зошто е потребна социјална изолација)

-хигиенски навики (миење раце, бришење на поврчини како масики, столчиња, кваки со средство за дезинфекција по дома, Правете го тоа заеднички, добро е за стекнување навики за  понатаму.

-време поминато пред екраните  (да не биде цел ден, со насока кон едукативни содржини и канали МРТВ училница, – Гледајте  ТВ- настава по сите предмети во основно на МРТВ, потоа КИДС интернет содржини)

-креативни активности  (Зеаднички направете мало катче за цртање, боење, изработување, учење вештини  и други креативни содржини во зависност од интересите на детето.

-читање книги (Читајте заедно во одреден дел од денот нека биде после ручек доволно е и еден час: Тоа може да е лектира за во школо или друга интересна книга, после тоа разговарајте за содржина на прочитаното)

-физичка активности (во зависност од временските услови, може пола сат во двор, прошетки со социјално дистанцирање и сите препораки околу тоа. Зборувајте и одговарајте на прашања зошто?)

Низ сито ова најважно е да разговарате, разговарате,  разговарате и бидете емпатични со своето дете. Зборувајте  за чувствата и емоциите кои ги доживуваат во овој период со смирување дека оваа ситуација е само привремена и со одговорно однесување и почитување на мерките таа ќе  заврши.Учење дома на интересен начин 

Да го поминивате заедно вашето време со децата и да имате активна улога при нивното учење е најголемото задоволство кое ќе ги искусите за време на деновите во изолација.  Ова ви е можност да искусите живот наместо да брзате низ него.

Учењето дома би требало да се сфати сериозно. Но секако родителите имаат голема улога во тоа. Не е доволно  да се остави детето и да му се каже дека треба да учи или чита книги. Добро е и родителот  да земете учество во тоа.  Сега имаме можност да учиме заедно со нив. Некоку препораки за родители на ученици од 5-11 години

-заеднички направете мало катче за учење, цртање и други креативни содржини во зависност од интересите на детето. Неговите креативни идеи нека бидат приоритет. (Направете катче со масичка, столче, ако имате можност може и табла. (повеќето родители со деца имаат во своите домови)

-договорете се со своето дете со давање на заеднички идеи и опции како тоа ќе го направите за да ги исполнитее обврските кои се зададени од наставникот

-ограничете го учењето на определни сати од  не повеќе од 2-3 часа во текот на денот во зависност од навикитте за учење на вашето дете.

-направете распоред на часови. Може да биде оној од училиште (по денови со пауза во сабота и недела) со тоа што ќе има и одмор помеѓу часовите кога ќе се мијат раце, прават вежби, пее, и слични активнсти на опуштање.

-објаснете им дека ова е не е природен распуст и дека учењето треба да продолжи, но во поинакви услови сега и можеби на еден нов интересен начин (предложата им идеи Часовите може да ги исполните со активности кои ви ги дал наставникот на вашето дете и да ги изработувате. Колку е помала возраста на ученикот вашата улога во учењето ќе биде поголема.

–  Гледајте заедно  едукативни емисиите на ТВ прилагодени спрема возраста.

-комуникацијата со наставникот ви е неопходна во смисла на:

-ако наставникот определил и пратил градиво кое треба да се изработи,напише и слично помогнете му на детето со ваши инструкции и помош. Колку е помала возраста толку е потребна поголема помош.

-договорете се со наставникот за начините на испраќање на овие податоци.

Која е вашата улога како родител и сега едукатор

Направете учењето дома да им биде интересно, разговарајте за она што ги интересира, кој предмет им е омилен. Сега имате можност да разговарате и  споделувајте искуства за:

-како било училиштето кога сте учеле

-кој предмет ви бил омилен,

-кој наставник, ви бил омилен

-кои биле ваши интереси,  

-какво било дружењето

-кој ви бил најдобар другар…

-како сте се снашле во некоја ситуација кога некој можеби ве малтретирал и сл.Како едукатор на своето дете во време на изолација:

-прашувате и одговарате на прашања на вашите деца

-разговарате за разни поими или заедно ги пребарувате на интернет

-ги оставате тие да рзамислуваат со своја глава

-подржувајте ги во нивните идеи, соништа, цели…

– бидете со нив кога учат за да знаете што учат и како учат?

Ќе бидете задоволни кога ја видите радоста во нивните очи кога откријат нешто ново

Ќе откриете дека децата надвор од училиштето ќе покажат љубопитност и ако ги поттикнувате тие ќе учат со пасија и задоволство.

Сепак најважно од се : Во овие денови  да не го губиме духот, оптимизмот и  да не им го зголемуваме чувството  на несигурност и страв кај  децата.