Општина Битола до денес нема пријавен случај на заболени од корона вирусот. Но, почитувани граѓани, реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик.
Во меѓувреме, Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија Комуналец, Водовод, Нискоградба и Пазари, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“.
ЈП Пазари тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот.
Екипите се на терен, а Вие, #СедетеДома

“Партизанска“, “Север-југ“, “Мирка Гинова“… денес на ред за дезинфекција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)
- Во Битола одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев – македонски револуцион и деец
- СВР Битола: приведени две лица се дрогирале на јавно место, битолчанец возел без возачка, тешко повреден моторциклист,





