Од денес започна исплатата на пензиите во Стопанска банка а.д. Битола за овој месец, за да нема гужви и редици на банкоматите, што некои стравуваа. Сепак битолските пензионери покажаа дека иако беа критикувани за тоа дека не се придржуваат на препораките, денес покажаа дека се совесни граѓани.
На сите банкомати денес околу 10 часот немаше повеќе од еден корисник на пензии или некој друг комитент на битолска Стопанска, што само покажува дека битолчани по најновите неколку мерки останаа дома.
На фотографиите е прикажана состојбата на двата ударни банкомати на Стопанска банка АД Битола, во новата зграда на банката и во експозитурата во старата зграда кај Саат кулата.
Инаку, исплатата започна денес со тоа што во периодот од 25 до 27 март сите пензионери кои ја добиваат пензијата во Стопанска банка а.д. Битола ќе можат да ги подигнат своите пензии на некој од банкоматите на Банката.
Почнувајќи од 28 март покрај на банкоматите, исплатата на пензии ќе започне и во експозитурите на шалтерите на Банката.
Бидејќи во случајот станува збор за поризична и посензитивна група на граѓани, во насока на заштита на нивното здравје, а согласно препораките на институциите со цел превенција, и минимизирање на ризикот за ширење на вирусот Ковид-19 апелираме на тоа широката мрежа на банкомати Банката апалеира да се искористи за подигнување на пензиите, а посетите на експозитурите да се сведат на минимум.






