АД ЕСМ од денес се вклучува во акциите за дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и институции на територијата на Македонија. ЕСМ својот придонес за зачувување на јавното здравје ја започна од својата најголема подружница – РЕК “Битола“.
Екипа од 50-тина опремени и обучени лица, вработени во РЕК Битола и ФОД Битола денес изврши дезинфекција во влезови на станбените единици во Нова Битола.
-Тимот ќе биде на располагање на Oпштина Битола додека трае кризата со КОВИД-19. Ќе направиме се што е во рамките на нашите можности и надлежности, а нашите професионалци постојано ќе вршат дезинфекција на колективните станбени заедници, објекти во кои има најголема популација од населението, ќе се дезинфицираат индивидуални станбени објекти но и институции на кои ќе им биде потребна помош, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Ковачевски најави дека слични акции ќе се реализираат и во останатите подружници на АД ЕСМ, каде работниот процес и човечките ресурси го дозволуваат тоа, со што компанијата уште еднаш ќе ја потврди општествената одговорност.
-Освен општествената, сакаме да ја потврдиме и личната одговорност кон заедницата. Затоа е потребно сите заедно, посветено и одговорно да се справиме со коронавирусот, истакна Ковачевски.
Масовната дезинфекција на станбените комплекси во Нова Битола во придружба на Ковачевски ја координираа директоритe на РЕК “Битола“, Златко Ќурчиевски и на ФОД Битола, Методија Тасевски.
АД ЕСМ донираше и 50 пумпи за дезинфекција на ЈП Комуналец од Битола кое врши дезинфекција на објекти и институции на територијата на Општина Битола.

РЕК “Битола“ и ФОД масовно ја дезинфицираа Нова Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)
- Во Битола одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев – македонски револуцион и деец
- СВР Битола: приведени две лица се дрогирале на јавно место, битолчанец возел без возачка, тешко повреден моторциклист,





