Press "Enter" to skip to content

Започна настава со новите платформи за далечинско учење во ОУ “Кирил и Методиј“ (фото)

Со денесувањето на одредбите на законот за основно образование за реализација на настава и оценување во вонредни услови, започна и во практика да се применува употребата на платформите за далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци. МОН  предложи некоку платформи од кои Едуино, Е –училница, ZOOM  конферанциска и други. Едуино е првата национална платформа за далечинско учење која ја вoведува Владата, со цел непречено да продолжи наставата.Таа е унифицирана платформа која ја изработи Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ.За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член одлука донесува основното училиште.Директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Душко Костовски, за организирањето на наставата преку новите платформи и средства за комуникација кажа:-Со донесувањето на законот и неговите одредби добивме насоки за организирање настава на далечина. Во нашето училиште формиравме тим составен од директор, педагог, психолог, администратор кој го води ЕМИС и ХРМ, наставник по информатика и наставници кои имаат солидно шознавање на работа со компјутер. Овој тим ќе има задача да дава техничка и педагошко стручна поддршка на наставниците за реалзација и следење на наставата учење од дома на ниво на училиште.  Наставниот кадар уште со воведената забрана за доаѓање на училиште на различни начини продолжија да комуницираат со своите ученици и родители задавајќи им задачи за дома. Сега само продолжија со своите задолженија со конкретни платформи зададени од МОН. Тоа се Едуино или  Е – Училница е место на кое наставниците, родителите и учениците можат да  најдат видео лекции за предметите кои се изучуваат во училиште.-Овие видео лекции се направени од наставници ширум земјата со цел да послужат како дополнителен ресурс во процесот на учење и совладување на наставните содржини.
Оваа недела веќе неколку наставници започнаа и одржаа пробни часови он лајн преку платформата Конференцискиот сервис ЗУМ. Oваа онлајн алатка е целосно применлива во наставата, лесна за инсталирање и може да се користи од десктоп или лаптоп компјутер, како и на мобилен телефон со интернет конекција. На големо задоволство на учениците бидејќи  овозможува аудио и видео контакт со учениците прикажување на екранот на наставникот према учениците и обратно.  За одредени предмети од  предметна настава овој начин на он лајн учење ќе биде многу добар, но и за поголемите ученици  од одделенска настава. 

Наставниците од одделенска настава имаат континуирана комуникација и соработка  со своите ученици и родителите преку различни средства за комуникација – интернет, социјални мрежи каде им даваат насоки за учење и пишување домашни задачи за подобро совладување на градивото.

Во изготвување е неделен распоред на часови по предмети, кој е во согласност со постојните наставни планови што се реализираат во училиштето.  

More from ВестиMore posts in Вести »