Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Александар Талевски – “Премиум пиво“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“, но некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Александар Талевски е од компанијата “Премиум пиво“, која е дистрибутер на две големи светски компании “Кока кола“ и “Хајнекен“, а секако и пијалоците на Скопска пивара. Тој и своите колеги се на работно место во вонредни услови, се со цел граѓаните преку продавниците да бидат снабдени со производите кои тие ги дистрибуираат.Како се снаоѓа во вонредни услови, како ја организира работата во Битола и соседните градови Талевски вели:

-Без разлика на каква позиција сме во компанијата сите сме свесни дека сме во заеднички реален проблем, и се надеваме дека сите ние, 48 вработени, а тука се и нашите семејства, победнички да излеземе од ова зло. Но, додека тоа се случи мораме, а и работиме, односно функционираме како налагаат условите за работа и живеење. Вршиме дистрибуција во продавниците со редуцирани тимови, односно имаме два тима, еден на терен и еден резервен дома. Нема проблеми во дистрибуцијата, а секако дека сме со намален обем на работа бидејќи не работат угостителските објекти, што е голем хедикеп за нас. Вршиме достава во Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар и додава:

-Комплетно ги почитуваме препораките на Владата за заштита на вработените, дезинфекција на транспортните средства, магацинскиот простор, канцелариите и дворот на компанијата. Ги преземаме сите потребни работи, се со една цел да се заштитиме себеси, нашите комитенти и секако граѓаните каде дистрибуираме производи.

За разлика од некои компании кои испуштија дел од вработените Алекандар Талевски вели:

-Ниту размислуваме за ваков непопуларен потег, бидејќи не треба да се “дотура масло“ не проблемите на граѓаните. Но, во нашите вработени е многу вложено со разните обуки и тие се обучени за работата која ја работат на сите позиции, и се надеваме дека за брзо ќе се вратиме на секојдневните редовни работни обврски.

Талевски не ја пропушти приликата да упати и порака до битолчани:

-Вашите омилени пијалоци ги има, и ќе ги има во продавниците, поминете ги овие денови во карантин дома со омилените безалкохолни пијалоци и пива, за тоа СЕДИ СИ ДОМА, а ако мора да излезете користете заштитни маски, заштитни ракавици и држете растојание.

More from БитолаMore posts in Битола »