Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер како и останатите второлигаши бара парична помош од Владата

Второлигашите од запад и исток доставија барање-предлог до Владата на Македонија, со кој бараат финансиска помош за периодот кој следи до завршување на Вторите лиги, кои беа прекинати на почетокот на пролетниот дел.

Како причина за ова барање за помош се наведува дека целиот спорт во државата е стопиран поради коронавирусот, а клубовите од ВМФЛ велат дека потребна им е финансиска помош.

-Фудбалските клубови се на аматерска основа и не остваруваме никакви приходи по ниту еден основ, единствен приход се донации, кои сега се поврзани со добивањето на ваучер и спонзорства, кои од воведувањето на ваучерите се нула. Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубот“, се вели во соопштението.

Меѓу потпишаните има 17 клуба, од вкупно 20 во второлигашката конкуренција, меѓу кои и битолски Пелистер, кој е лидер во Втората лига – запад.

More from СпортMore posts in Спорт »