Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Црвен крст и во недела со голема акција за дезинфекција, волонтерите заедно со вработените од “Комуналец“

Денес претпладне  Црвен Крст, Општинска организација Битола во координација со Општина Битола и ЈП “Комуналец“ спроведе акција за дезинфекција на град Битола.-Ние продолжува со фезинфекција на станбените објекти во Битола. Денес недела, работиме во зградите во “Ремо“, “Довлеџик“, “Декорпод“, а напоредно се дезинфицираат улиците и тротоарите. Ќе работиме до 16 часот, до полицискиот час, а со акцијата ќе продолжиме и во наредните денови. Ние имаме 20 волонтери, а на терен се и вработените од ЈП “Комуналец“ кои ја обездуваат опремата и средствата за дезинфекција, ни рече Лилјана Ристевска, претседател на Црвениот крст на Битола.ЈП “Комуналец“ и за денешната акција за деинфекција обезбеди опрема и средства за дезинфекција, како што го правеше во изминатите денови.Мобилизација на волонтерите се организира преку Општинска организација на Црвен Крст од Битола.
#останидома
#заштитисе

More from ВестиMore posts in Вести »