Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.
Снежана Велјановска е медицинска сестра, која работи во Клиничката болница во Битола, во службата за ургентна медицина и како сите здравствени работници е на работното место, додека се препорачуба СЕДИ СИ ДОМА, на првата борбена линина за спречување на ширењето на корона вирусот.
Како таа, и нејзините колеги се снаоѓаат во вонредната состојба во здравството, посебно во службата на ургентна медицина каде прво доаѓаат пациентите, Велјановска ни рече:
-Службата за Ургентна медицина работи 24 часа на ден, или популарно 24/7. Работиме во вонредни услови со еден лекар специјалист, еден општ лекар, 3 медицински сестри и транспортер. Заради новонастанатата состојба се воведени додатни протоколи за работа, пред се кои се за наша заштита, за заштита на пациентите и секако работните простории. За таа цел покрај работната облека, добивме и комплетна заштитна опрема (заштитни очила, маски, ракавици, мантили, кајцуни), се со цел да се заштитиме ние како персонал и пациентите. Што се однесува пак до работата и таму се применуваат строги протоколи, редовно се дезинфицира просторот и работните простории, а на смиот влез во Болницата, пред влезот во болница мериме температура на секој кој влегува во болницата со бесконтакни термометри. Пациентот ги дизинфицира рацете и влегува на преглед, а после секој преглед повторно се дезинфицира.
Снежана Велјановска, како и сите други здравствени работници, лекари, медицински сестри и целиот персонал во Клиничката болница се свесни за одговорноста која ја имаат во овој тежок период, па затоа до битолчани ја пренесува кратката универзалната порака на здравставените работници од целиот свет:
-Ние сме на работа, Вие седите дома. А, ако морате да излегувате од дома користете заштитна маска, заштитни ракавици и држите социјално растојание. Само така ќе го победиме корона вирусот.






