Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како да се организира животот во изолација и самоизолација

Со воведените мерки за останување дома изолација ( самоизолација) после првиот шок во новонастанатите  услови со чувства на страв, паника, анксиозност. Со тек на деновите после промените на емоции и чувства од паника до смиереност, опсесивното пратење и читање на вести за заканата од корона.  се јавија и емоции на бес, гнев, револт од целата ситуација која  се случува. До чувства на равнодушност.

Сега по поминати 18 денови, продолжување на изолација и воведување на полициски час вистински се наоѓаме пред предизвикот како подобро да ги поминеме овие денови  и да го сочуваме менталното здравје, а затоа самодисциплината е најважна. Со тоа ќе бидете добар пример и за вашите деца. 

Искуствата на оние кои ја поминале изолацијата (самоизолациај(сега можат  да ни бидат корисни. Иван Вуловиќ кој поминал некоколку месеци во самоизолација вели:

-Читав  еден куп статии од разни животни тренери со целосно промашени совети. На пример учењето странски јазик, јога пракса, читање книга или гледање серии, не се лоши работи, но овие работи нема да ви помогнат да го задржите здравиот разум ако ова трае неколку месеци.Ги сублимиравме  искуствата на оние кои поминале низ период на самоизолација  во овие препораки кои можат да ви бидат од корист за периодот кој ни претстои домa во изолација или за оние кои се во самоизолација. Секој може да најде совет во зависност од својот карактер, навики, интереси.

Наутро

-Иако сметате дека немате обврски станувајте во определено време наутро не многу доцна може тоа да е во исто време.околу 9 часот. (во зависност од вашиот биоритам), Насочете ги и вашите деца, особено тинејџери. 

-Кога ќе се разбудите, наместете го креветот и подгответе се како за излегување надвор.

– Утринска хигиена и вежби 

-Облечете се со тренерки, фармерки (не бидете во пижами цел ден) направете лична хигиене, ставете дезодиоранс.

-Не се провлекувајте околу креветот во пижами цел ден,

-Не поминувајте долго  време повеќе или пола ден пред телевизор, компјутер, лап топ или мобилен (со гледање, читање на информации за заканата од корона и сите вознемирувачки вести кои ќе ве загрижат и зголемат чувството на страв, паника).Ако работите од дома

-одредете си еден определен дел од денот (нека биде во исто време и на исто место на маса, по можност.

Ако не работите

-смислете  работа, најдете нешто продуктивно што ќе го правите секој ден најмалку 3-5 часа. Напишете блог, истражувајте на интернет,  научи да програмираш, учете странски јазик (според вашите интерси).Што и да правите не правете од кревет или постојано од друга локација (за оние во самоизолација)

Како да се храните

-во однос на храната: имајте три задолжителни оброци и јадете само кога сте гладни, а не заради досада,

-препорачливо е да јадете повеќе здрава храна но, јадете го она што го сакате. Немојте додека имате оброк да правите други работи пребарување по мобилен телефон, гледање на телевизија, имате доволно време и за двете.
Хигиената најважна

-секако миење раце, кога се вратиме од надвор дома (сите препораки да се почитуваат) во домот- дезинфецирање на површини, кваки.

-хигиенски навики: изберете го делот од денот кога ќе си посветите време на себе за опуштање ( истуширате, миете, сечете ноктите, да  имате дел од денот кога ќе бидете убави за себе.

-перете алишта, садови, избришете ја прашината, дезинфицирајте површини,… (во самоизолација) Човек се чувствува ужасно кога е неуреден и живее во хаос, а во овие вонредни услови ова ќе помогне за секој да се чувствува свежо и позитивно..

Слободни активности:

Во зависност од временски услови:

-излезете  на прошетки во парк со социјално дистанцирање,

-ако имате двор поминувајте подолго време на воздух со активности низ него,

-ако сте во самоизолација и не сте во можност да излезете,  тогаш одете на прозор или тераса и бидете таму некое време, може  15 минути минимум.

-ако сте пушач, пушење само на тераса, ако немате тераса, излезете низ прозор,

-можете ако сакате да слушате совети на лајфкоуч,

-правете вежби, јога и медитација (пронајдете вежби на интернет),

-слушајте музика, танцувајте, гледајте фимови, серии по можност забавни ( секој ќе одбере спрема своите интереси).
Социјални односи

-разговарајте со луѓе кои не сте ги сушнале подолго време,  јавете им се телефонски, или со  видео повици,

-организирајте он-лајн средби за кафе, пијалок со пријателите, колегите од работа со кои сте се дружеле,

-во викенди седнете пред компјутер  и организирајте конфернциски со друштво излегување. Тоа може да го направите и со 3, 4 и до 10 личности  во исто одредено  време. При тоа бидете слободни и  имагинативни може да се дотерате, нашминкате, ставите парфем, пуштете  музика. Низ разговор може да споделувате искуства, мисли чувства за тоа како го поминувате денот.

-смислата за хумор нека не ве напушта.

-ако имате повеќе идеи, слободно може да ги искористите, секоја идеја за разбивање на монотонијата ви е добредојдена.

 -за личностите кои се во самоизолација  комуникацијата он-лајн  многу значајна.Спиење

Здрав сон е исто така важен за нашето ментално здравје и добро  функционирање преку ден, заради тоа:

  • Се препорачува да се оди  на спиење во исто време, а тоа може да биде 11 часот или 2  наутро, не е важно.   За време на спиење  обавезно пресоблечете се во пижами. Креветот по можност нека биде само за спиење, без лаптоп или мобилен во кревет.

-не го поминувајте  целиот ден во иста облека.

-не ја заменувајте ноќта со ден.

-никако не правете еднаш  5 часа спиење, а некогаш 11 часа во 24 часа.

-за оние во изолација со своите семејства со својата самодисциплина и почитување на правила добар пример за своите деца во овие вонредни услови.

( друг текст на оваа тема за препораки за родители за време на изолација во Совети)