Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Сашо Гилевски, сектор за превензија-СВР Битола

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Сашо Гилевски е началник на Отсекот на превенција при СВР Битола и како сите полициски службеници е на работното место, додека се препорачува СЕДИ СИ ДОМА, на првата борбена линина за спречување на ширењето на корона вирусот.

Како Гилевски и неговите колеги се снаоѓаат во вонредната состојба во државата, во период кога е воведен полициски час, а ги контролираат лицата кои се во изолација, вели.

-Јас и моите колеги се постојано на работните места во сите сектори на полицијата, а работиме 24/7, покривајки ги градовите Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, како и општините Долнени, Кривогаштани, Демир хисар, Ресен и други општини во близина на Битола. Работиме сите во вонредни услови, се една со цел, на граѓаните да му обезбедиме безбедност и да им помогнеме во заштитата од корона вирусот.За тоа како Гилевски работно го поминува полицискиот час додава:

-Во моите 28 години работен стаж, прв пат се почуствував безпомошен пред овој предизвик. Ноќите во Битола се мрачни и празни. Никогаш мојот град не сум го видел толку тивок и уплашен. Сега е време да сфатите дека ова зло не препознава богати, сиромашни, познати, непознати, градски, селани, добри или лоши. Ова можиме да го победиме само со заеднички сили ако се сплотиме сите заедно со заеднички сили бидејќи сите сме еднакви пред бога и пред светот. Само со љубов, љубов и само љубов можеме да го победиме ова зло.

Како началник за превенција, Сашо Гилевски, на битолчани им препорачува:

-“СЕДИ СИ ДОМА“, е универзалната порака до сите жители од светот. Ние кои сме за Вас на работните места се грижиме за Вашата безбедност и здравје, пред се мислам на полицијата и војската и здравствените работници. Седете дома, за да ни помогнеме нам, а и ние да Ви помогнете на Вас. Седете дома, така е најдобро во овој период. 

More from БитолаMore posts in Битола »