Press "Enter" to skip to content

155 визири донирани на здравствени работници во служби со висок ризик на работа (фото)

Заштитните маски- визири се распределуваат во координација со менаџерскиот тим на болницата најпрво по одделениијата со висок ризик, а беа доставени 60 визири во Клиничка Болница, 20 за служба за Итна Помош, 20 за Центар за јавно здравје, 30 на одделение за Пнеумофтизиологија и 25 на одд за трансфузиологија. 
Голем број битолски компании од различни сектори печатница “Бабук“, “Unlimited coders“, “Trimod Tim“, “Jovanovski laboratory“, СОТУ “Ѓорѓи Наумов“, заботехничка лабараторија “Лаб про Дентал“ како и многу индивидуалци кои се вклучија несебично со поддшка на целиот проект ги ставија сите свои капацитети и 3д принтери на располагање.
Инаку, иницијативата за изработка на заштитните маски Визири за медицинскиот песонал е на д-р  Александар Каревски спец. ортопед –  хирург во ГОБ “8. Септември“ во Скопје, а само по два дена со помош на формираната ФБ група, иницијативата доби национална димензија каде доктори, 3д дизајнери, ентузијасти и големи хуманисти започнаа да работат на изработка, дистрибуција и организација на визирите.
Групата битолски ентузијасти се вклучи веднаш во акцијата и заедно со другите учесници развија унифициран модел на визир од инертна пластика и прифатлив облик, а со оглед на можност за стерилизација  и безбеден за користење.
Енергијата која ја даваат сите вклучени во акцијата само ни дава за право да констатираме дека во нашата земја постојат луѓе со големо срце и огромен интелектуален потенцијал.
Во наредниот период ќе се дополнат потребите на одд во Клиничка Болница Битола и потреебите на матичните лекари кои се во прва линија во справување со пантемијата на Ковид 19.
More from ВестиMore posts in Вести »