Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Христијан Ѓаковски, ди-џеј Рикардо, “Радио 106“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Христијан Ѓаковски или како голем број битолчани го знаат како Ди-џеј Рикардо е музички новинар во Радио 106, каде работи повеќе години и како и останатите кои не се во можност да работат од дома, и тој заедно со колегите, кога се препорачува СЕДИ СИ ДОМА, е редовно на музичкиот микс-пулт на радиото.

Како Христијан Ѓаковски- ди-џеј Рикардо го поминува овие денови кога сите сме во вонредна состојба вели:-Во овие тешки времиња, музиката е најголем пријател на човекот. Се трудиме со нашиот музички избор да го задржиме вниманието на нашите слушатели, исто како и со интересните информации во текот на целиот ден. Според сите препораки на Владата доаѓаме на работа и секој си го работи својот дел, носиме заштитна опрема и редовно се дезинфицираме, како ние така и опремата со која работиме согласно препораките.

Ди-џеј Рикардо за сите битолчани кои се дома во изолација, посебно до младите кои без и критикувани дека не седам дома и излегуваат од домовите непотребно, им ја упати следната порака:-Сакам да ги поканам ннаши млади сограѓани, а секако и повозрасните наши слушатели, сите кои имаат некоја музичка желба да ни пишат на нашата “Фејзбук“ страна и да му го направиме денот поубав. Ја имаме најновата музика, а ги имаме и старите добри класици. Македонската музика не е исклучок. Затоа, продолжете да се дружите со нас и 27. година по ред на Радио 106, и додаде:

-“СЕДИ СИ ДОМА“ слушајте “106-ка“, само така сите заедно да го пребродиме овој период кој на сите ни е тежок, но мора да издржеме, а потоа ќе правиме славеничка журка.

More from БитолаMore posts in Битола »