Стопанска банка а.д. Битола како дел од економскиот систем на земјата целосно ја разбира сериозноста на ефектите кои ќе бидат предизвикани од корона – кризата.
Во таа насока со цел да се минимизираат последиците од кои ќе бидат засегнати сите наши клиенти, Банката креираше посебна ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица.
Со креирањето на оваа понуда за своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола целосно го поддржува процесот на олеснување на кредитните обврски на клиентите.
Целoсната понуда можете да ја погледнете на следниот линк https://bit.ly/39zJgrl
➡️Начините на промена на договорните услови ќе важат за клиенти кои ги имаат подмирено доспеаните обврски кон Банката со датум 29.02.2020
➡️Должникот – правно лице, во рок од 10 дена од приемот на понудата (објавена на web страната на Банката), ја известува писмено или електронски Банката дали ја прифаќа понудата и која од понудените четири опции ја прифаќа, во спротивно се смета дека понудата не е прифатена.
➡️Доколку должникот – физичко лице, во рок од 10 дена од приемот на понудата (објавена на web страната на Банката), не ја извести Банката писмено или електронски дека ја одбива понудата, се смета дека понудата е прифатена.
➡️Сите заинтересирани клиенти можат своите барaња да ги доставуваат на контакт , е-маил : stbbt@stbbt.mk или преку архивата на Банката.






