Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.
Тони Трајковски е вработен во КЈП “Нискоградба“, каде работи повеќе од 40 години години на работно место заменик раководител на оператива и како и останатите кои не се во можност да работат од дома, тој заедно со колегите, кога се препорачува СЕДИ СИ ДОМА, е повеќе на терен, отколки во канцеларија или дома.
Како Тони Трајковски со колегите ги поминуваат овие денови кога сите сме во вонредна состојба вели:
-Ние како комунално јавно претријатие не можеме да ја почитуваме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“ бидејќи нашата работа е на терен. Како што реков во “Нискоградба“ сум нешто повеќе од 40 години и по втор пат, како во 2001 година работам во вонредна состојба, со полициски час. Но, сега е неизвесноста е поголема и сите си го поставуваме прашањето како да се заштитиме од невидливиот непријател – корона вирусот. За време кога е на сила вонредната состојба во Битола и државата, не прекина нашата работа на терен, секако таа се одвива според забраните и препораките на Владата. Ги продолживме сите градежни работи и поправки на терен кои ги имавме започнато пред донесување на вонредната состојба. Сите користиме заштитни средства, а постојано според прописите ги дезинфицираме работните простории, возилата, машините и алататите кои ги користиме, што за нас е дополнителен ангажман.
Вчера Битола ја зафати снеќно невремешто беше дополнителен предизвик за претријатието и за вработените, за што Трајковски вели:
-Зимската служба престана со работа на 15 март, но по најавите и прогнозите дека не очекуваат обилни снежни врнежи во април веднаш се активираа повторно дежурствата. Но, навреме беа обездедени сите потребни дозволи за движење во полициски час на вработените и возилата и немавме проблеми со начинот на работа во ноќните часови, како што беше минатата ноќ кога возилата беа на терен цела ноќ.
За оние кои мора да бидат дома Тони Трајковски им порачува:
-Останете дома и почитувајте ги препораките, на оние кои ги пропишале за ваше здравје и за добро на сите. Оние кои мора да бидеме на работните места, ни останува да се чуваме, да применуваме заштитните средства и да помогнеме активностите на битолчани на сите работни места да бидат полесни. Да го поминеме со добро ова зло, со корона вирусот, а како што помина априлскиот снег и ќе го нема за некој ден, да го нема и вирусот.






