Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: едно лице го прекршило полицискиот час, две кривични пиријави, нови 18 лица во изолација, исконтролирани 197

Едно лице од Битола кое што го прекршило полицискиот час спаѓа во категоријата над 67 години, а полицијата поднесе две кривични пријави за двајца сторители по член 206 за непостапување според здраствени прописи за време на епидемија. 

Според информациите од СВР Битола на ниво на општина Битола има 18 нови лица со решение за изолација.

Во изминатите 24 часа од страна на полиција на територија на СВР Битола биле исконтролирани 197 лица во самоизолација.

 

More from ВестиMore posts in Вести »